Повеќе од третина од морнарите на францускиот носач на авиони „Charles de Gaulle“ биле позитивни на тестирањето на Covid-19, откакво во неделата предвреме се вратија во Франција по откривањето на вирусот на бродот, покажуваат прелиминарните податоци кои во средата ги објави министерството за одбрана.
„До 14-ти април вечерта тестирани се 1.767 морнари на воздушно-десантната група. Големно мнозинство од овие тестови се однесува на во оваа фаза на морнарите на носачот на авиони. Од нив 668 биле позитивно на тестот“, се истакнува во соопштението на француското министерство за одбрана,.
Од војниците со позитивини тестови „31 во моментов се во воената болница Света Ана во Тулон, од кои еден е на одделот за интензвина нега“, се додава во соопштението. Овие преломинарни податоци би можеле да растат бидејќи „за 30 отсто од тестовите сѐ уште нема резултати“ и „кампаењата на тестирање сѐ уште трае“, наведува министерството.
Францускиот „ Charles de Gaulle“ е вториот носач на авиони во светот на којшто официјално е потврдено присуство на коронавирусот, по американскиот носач „ USS Theodore Roosevelt“ кој е вкотвен близи базата на островот Гуам во Тихиот Океан.
Носачот со 1.750 морнари, и противвоздупната фрегата во негова придружба со 200 морнари, впловија во неделата во пристаништето во Тулон, две седмици пред планираниот термин, откако беа откриени педесетина случаи на заразени морнари со коронавирусот. Овие 1.900 морнари 14 дена беа во карантин по што беа пуштени на отсуство дома.
Истовремено француските вооружени сили во соработка со претприемачи почнаа да спроведуваат „операција на дезинфекција на авионите и површинските бродови“, се истакнува во соопштението на министерството за одбрана.
Сѐ уште не е откриен изворот на заразата на носачот на авиони. Екипажот не бил во контакт со никој надвор од бродот во контактот по запирањето во Брест од 13-ти до 15-ти март.
Командантот на француската воена морнарица, адмиралот Кристоф Празук „нареди истрага за да се извлече поука за управување со епидемијата во воздушно-десантната група“, наведува уште министерството.
Министерката за одбрана Флоренс Парли „упати порака со поддршка за морнарите во карантин и до нивните семејства, и им се заблагодари на сите локални функционери за нивната помош“, се заклучува во соопштението.