Третиот осомничен за нападите во Брисел – Експерт за експлозиви на ИД

Наџим Лашруи е главниот осомничен за терористичките напади во Брисел, откако претходно беше објавено дека тој исто така е баран и за нападите во Париз од ноември минатата година и дека бил соработник и пријател со Салах Абдеслам.

Истражните органи во Белгија ги именуваа Лашруи заедно со Мохамед Абрини како нови осомничени за нападите во Париз во понеделникот по апсењето на бегалецот на ИД, Салах Абдеслам.

Истрагата информира дека Абдеслам веќе планирал напади врз Брисел. Лашруи и Абрини се осомничени дека учествувале во „командата“ зад парискиот масакр во кој загинаа 130 лица.

Се претпоставува дека вчерашните напади во Брисел биле направени набрзина, поради испрашувањето на Абдеслам, пишува „Дејли Експрес“.

Засега се смета дека Лашруи и третиот осомничен за нападите на бриселскиот аеродром кој не успеал да ја детонира експлозивната направа.

Лашруи (24), претходно го користел лажниот идентитет Суфлан Кајал во декември 2015-тата.

lashrui

Лакхаруи, за кого се верува дека бил во контакт со напаѓачите од Париз  бил сопрен на австриско-унгарската граница минатата година заедно со Абдеслам и Самир Бузид, човекот што беше застрелан во антитерористичката акција на белгиската полиција минатата недела.

Во септември минатата година Абдеслам два пати патувал во Будимпешта со изнајмен автомобил заедно со уште двајца мажи за кои што се верува дека се Лакхаруи и Бузид.

Се верува дека Лашруи заминал во Сирија во февруари 2013-тата година. Исто така, се смета дека тој е експерт за експлозиви на терористичката организација Исламска Држава.

Инаку, веќе се појавија информации дека Лашруи е уапсен во Брисел. Повеќе за ова на следниот линк.