Третолигаш ја отера Барса во продолженија во Купот на кралот

Шпанскиот третолигаш Корнеља, клуб од предградието на каталонската престолнина, ја принуди „Каталонската гордост“ Барселона да игра продолженија во натпреварот од шеснаесетфиналето на Копа дел реи (Куп на кралот) во кој Барселона на крајот победи со 2:0.

Корнеља не успеа така да направи уште една сензацја, откако во претходниот круг од Купот на кралот го елиминираше водечкиот клуб во Пример, Атлетико Мадрид.

Усман Дембеле го постигна порвиот гол за Барса во 92 минута, а победата ја потврди Мартибн Брејтвахт на самиот крај од продолженијата. Така Барселона ја избегна судбината на Реал Мадрид кој 24 часа претходно беше сензационално елиминаран со 2:3 од третолигашто Алкојан.

Во регуларното време на натпреварот играчите на Барселона не успеаја да реализираат две најстроги казни, а се истакна домашниот голман Рамон Хуан Рамирез. Прво во 39 минута го одбрани пеналот што го изведе Миралем Пјаниќ, а потоа во 80 миниута го запре и обидот на Усман Дембеле.

Ова е трет натпревар во низа во кој Барселона мораше да игра во продолженијата. Во Суперкупот мина во финалето против Реал Сосиедад по пенал-рулетот, а во финалето од тоа натпреварување загуби во продолженијата од Атлетик Билбао.

Атлетик Билбао, пак, одвај ја избегна елиминацијата на гостувањето кај третолигашот Ибица, а баскискиот тим настапот во осминафинелто го избори со гол во судиското продолжение.

Перез Матео во 12 минута ги доведе домашните во водство. Пресвртото следеше во второто поливреме, Раул Гарсија израмнни во 52 минута, а победничкиот гол за Атлетик го постигна Нуњез во првата минута од судиското продолжение на мечот.