Третолигашот Виган го елиминираше Сити од ФА купот

Неприкосновениот лидер од англиската Премиер лига Манчестер Сити доживеа непријатно гостување кај третолигашот Виган од кого беше поразен со 0:1 и остана без пласман во четвртфиналето од најстарото фудбалско натпреварување на планетата.

Решавачкиот гол го постигна Вилијам Григ во 79 минута по големата грешка на гостинскиот бек Кејли Вокер. За Григ ова е седми погодок годинава во ФА купот и во моментов е водечки стрелец во ова натпреварување/

Манчестер Сити од 45 минута играше со играч помалку, откако поради остар старт на противнички играч беше исклучен Фабиан Делф. Меѓутоа „граѓаните“ и помалубројни доминираа на тревникот и имаа дури 27 удари, вкупно 29, кон противничкиот гол и осум (вкупно 15) корнери и посед на топката од дури 83 отсто, но не успеаја да го совладаат Кристијан Волтон.

Виган со овој триумф го елиминираше и третиот премиерлигаш на патот кон четвртфиналето. Во минатото коли го исфрли Вест Хем Јунајтед, а претходно и Борнмут.

Интересно е што ова е третата последователна победа на Виган во најстарото фудбалско натпреварување на светот против Манчестер Сити. Виган славеше во 2013 година во финалето, во 2014-та во четвртфиналето, а сега во осминафиналето.

Виган во четфриналето ќе игра против Саутемптон. Претходно во саботата пласман во четвртфиналето изборија и Манчестер Јунајтед и Брајтон. А Тотенехем ќе мора да го повтори дуелот со последниот тим од третата лига Рочдејл, откако во неделата на гостински терен одигра 2:2.