Третпат по ред Селтик ја освои ‘тројната круна’

Фудбалерите на Селтик третата година со ред ја освојуваат ткн „тројна круна“ во Шкотска благодарејќи на победата од 2:1 (0:0) против Хартс во финалето на националниот Куп одигран на „Хапден Парк“ во саботата.

Селтик претходно сезонава ги освои Лига купот и првенството на Шкотска, а јунак во победата за третата тројна круна беше 21-годишниот француски напаѓач Одсон Едуар, кој ги постигна двата гола и направи пресврт по ззаостанувањето на неговата екипа од 0:1.

Харст поведоа со голот на Рајан Едвардс во 53 минута кога му ја протна топката низ нозете на голманот на Селтик, по атрактивното додавање со петица од Клир. Но, само девет минути подоцна Едуар избори пенал кои самиот го реализираше за израмнување, а во 82 минута младиот Французин со гол со кој го круниса контранападот.

За Селтик ова е шестата тројна круна во клупската истпорија, по претходните од 1967, 1969, 2001, 2017 и 2018 година. Екипата од источен Глазгов сега во своите витрини има 50 пехари за првак на лигата, 39 за победник во Купот и 18 во Лига купот.