![dolari na znameto](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/dolari-na-znameto.jpg?resize=670%2C443&ssl=1)
Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордни 71,1 милијарди долари во февруари, поради падот на извозот во време на пандемијата на коронавирусот.
Вкупната трговска размена по двата месеца во 2021 година е пониска за само 1,8 проценти во споредба со минатата година, пред пандемијата да ја погоди светската економија.
Разликата меѓу увозот и извозот во февруари скокна за 4,8 проценти во споредба со ревидираниот јануарски дефицит од 67,8 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија.