На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција.
– Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија, соопшти денеска Театарот за деца и младинци.
По повод 30-годишниот јубилеј, од Театарот информираат дека изработиле монографија во која е сумиран три деценискиот развој на овој театар.
Како што посочуваат, монографијата заедно со останатите активности по повод роденденот, ќе бидат поместени за друга прилика.