Ден по масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во централната населба Врачар, медиумите во четвртокот известуваат за три засебни инцидента во три училишта на подрачјето на српската престолнина Белград поврзани со врсничко насилство и оружје, што по вчерашната трагедија предизвика нови стравови од имитарање на привлече големо внимание.
Девојче идентификувано како 15-годишната Л.И денеска во белградската приватна гимназија „Руџер Бошковиќ“ со кујнски нож го повредила врсникот и соученик А.Р. и наставничката којашто се обидувала да го спречи инцидентот.
Девојчето, како што пренесува порталот Блиц, е поранешна ученика којашто самоиницијативно се отпишала од училиштето. Нападнатите не се тешко повредени, а полицијата промптно реагирала.
Родителите на учениците се собрале пред гимназијата откако една мајка известила дека синот преплашен ѝ се јавил и ја молел што побрзо да дојде.
Белградската полиција интервенирала и претходно во четвртокот во утрото, по повикот дека 9-годишен ученик од трето одделение на белградското основно училиште „Десанка Максимовиќ“ правел список со имиња, а со детето е направен разговор.
„Во повеќе училишта утрово се случуваше децата под влијание на вчерашниот настан од шега да почнат да ја симулираат истата работа. Во нашето училиште, момченце од трето одделение симулирале пукање, немало никаков пиштол и сите и сето тоа го сметал за шега. Кога го прашавме какви му се намерите, рече дека сѐ правел од шега“, изјавила за медиумите помошничката директор на училиштето Биљана Кнежевиќ.
Претходно утрото полицијата во белградската приградска општина Обреновац привела татко на малолетен ученик кој истото утро во основното училиште „Јефтимија“ во Обреновац, по минутата молк по повод вчерашната трагедија извадил пластичен пиштол. На разговор во полицијата заедно со таткото отишол и синот.
Момченцето, според медиумите, го донел пластичниот пиштол во училиштето, го извадил и го свртел кон соучениците, а полицијата веднаш реагирала на повик на вработен во училиштето.
Српските медиуми во четвртокот емитуваа снимка од социјалната мрежа за размена на видео-материјали Tik-Tok, за која не се знае кога и каде е направена, на која се гледа како ученици симулираат како еден од нив со рацете собрани како да држи пиштол пука во своите соученици кои паѓаат низ училницата како покосени.
Овие инциденти коишто ја растревожија јавноста следеа само ден откако 13-годишник во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград усмрти осум соученици и обезбедувач, а рани уште шест ученици и наставничка. Во Србија од петок поради оваа трагедија прогласена е тридневна жалост.