Три лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16.10 часот на мaгистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атар на селото Ругинце.
Патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Е.Ј. од Куманово, излетало од патот и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките 41-годишната С.С. и 56-годипшната Н.Ј. двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.