5.8 C
Skopje
петок, април 26, 2024

Три лица повредени во сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово

Три лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16.10 часот  на мaгистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атар на селото Ругинце.

Патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Е.Ј. од Куманово, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките 41-годишната С.С. и 56-годипшната Н.Ј. двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.