Три Молотови коктела фрлени врз полициска станица во Минск, Тихановска со ултиматум до Лукашенко

Три шишиња со Молотови коктели биле фрлени изминатата ноќ врз полициска станица во белоруската престолнина Минск, во најрадикалниот досега израз на протест против претседателот Александр Лукашенко поради неговиот реизбор на 9-ти август, кому опозиционерката Светлана Тихановска подоцна во вторникот му даде ултиматум до 25-ти октомври да ги исполни барањата на опозицијата.

Инцидентот и ултиматумот доаѓаат откако во саботата белорускиот претседател Александр Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ненадејно во истражниот затвор во Минск се сретна со 11-те затворени челници на опозицијата со кои разговарал за уставните реформи на кои тој повика во обидот да ги стивне најмасовните досега протести во Белорусија со кои се бара повторување на претседателските избори и негово заминување од власт. Подоцна во неделата беше објавено дека од затворот се ослободени двајца опозициски водачи, директорот на компанијата „PandaDoc“, Дмитриј Рабцевич, и политикологот Јуриј Воскресенски.

„Три молотови коктела беа фрлени во дворот на окружната администрација. Еден од нив погоди службен автобус, предизвикувајќи пожар“, соопшти преку социјалните мрежи портпаролката на министерството за внатрепни работи Олга Чемоданова која додава дека огнот брзо бил изгаснат и оти е отворена истрага за идентификување на напаѓачите.

Претходно Истражниот комитет на Белорусија објави дека Молотови коктели биле фрлени и врз зградите на обвинетелствата во местата Жодино и Барановил. Истовремено, како што оцени заменикот министер за внатрешни работи, Генадиј Казакевил, протестите во Минск станале „поорганизари и крајно радикални“, поради што органите за проведување на редот „се подготвени да користат боево вооружување“ за одржување на редот доколку има потреба.

Во вторникот главната противкандидатика на Лукашенко на претседателските избори, Светлана Тихановска, која по изборите замина во егзил во Литванија, му постави ултиматум на белорускиот претседател до 25-ти октомври да бидат исполнети барањата на опозицијата.

„Минаа два месеца од почетокот на политичката криза, насилствата и беззакониеоти – и деоста беше (….) Режимот има 13 дена да ги исполни трите задолжителни услова: Ликашенко мора да ја објави својата оставка. Насилстворо на улиците мора целосно да запре. Сите политички затвореници мора да бидат осободени (…) Имаме 13 дена да се подготвиме, и цело ова време Белорусите ќе го продолжат својот мирен и упорен процес, напиша Тихановска на својот Telegram канал.

Во спротивно, додава Тихановска, на земјата ѝ се закануваат уште помасовни протести, национален штрајк во фабриките, болокади на патиштата и колапс на трговијата.

Тихановска, која освои 10 отсто од гласовите на изборите наспроти 80 отсто на Лукашенко, објави во саботата дека телефонски разговарала со својот сопруг Сергеј Тихановски кој е во затвор, и кого всушност го замени како лидер на опозицијата. Тоа бил нивниот прв разговор од неговото приведување во мај.