Три пресврта за победи на домашните во Серија А, Лацио го доби Интер

n SS Lazio and FC Inter Milan at Olimpico Stadium in Rome, Italy, 16 October 2021. EPA/CLAUDIO PERI

Милан привремено се искачи на врвот на првенствената табела откако на свој терен со 3:2 ја совлада Верона во рамките на саботната програма од осмото коло која ја одбележа победите на домашните екипи кои имаа резултатско заостанување по првото полувреме

Верона Хелас на „Сан Сиро“ одигра многу добро во првото полувреме и веќе во 7 минута дојде во предост со погодокот на Џанлука Капрари Во 24 минута Чехот Антонин Барак ја удвои предноста на гостите од пенал кој искусно го изнуди поранешниот хрватски репрезентативец Никола Калиниќ а го скриви Ромањоли.

Во 36 минута во игра наместо повредениот Хрвата Анте Ребиќ во тимот на „Росонерите“ влезе Португалецот Рафаел Леао, по што Милан почна да ја демонстрира разликата во квалитетоте. Токму Леао нафрли од левата страна во 59 минита, а Французинот Оливие Ќиру со глава намали на 1:2. Милан израмни во 76 минута кога Франк Кеси реалзиираше пренал кој го избори резервниот играч Сами Кастаљехо. Само две минути подоцна настапи целосниот пресврт, благодарејќи на лошата интервенција на гостинскиот бек Корај Ѓунтер, кој се обиде да ја исфрли топката од шеснаесетникот, но лошо ја зафати што таа заврши зад грбот на неговиот голман Лоренцо Монтипо.

Милан со победата привремено се искачи на врвот на Серија А со 22 бода, еден повеќе од Наполи кој има и меч помалку.

На третото место е милански Интер кој остана на 17 водови по поразот од Лацио од 1:3 на римски „Олимпико“, иако актуелниот италијански шампион на полувремето имаше гол предност. „Нераѕурите“ до предноста дојдоа со реализацијата на најстрогата казна која ја изведе Иван Перишиќ.

Почетокот на пресвртот беше кога во 64 минута беше досуден пенал за Лацио по интервенција на ВАР-от, а Чиро Имобиле беше сигурен реализатор за израмнување, а во 81 минута Фелиме Андерсон го постигна водечкиот гол што беше проследено со мешаница и обид за пресметка од страна на гостите. Играчите на Интер се бунеа затоа што еден нивни соиграч остана на тревата а домашните играчи не ја исфрлија топката во аут, а сметаа и дека во зачетокот на акацијата бил направен прекршок. Победата на Лацио ја доенсе Сергеј Милинковиќ Савиќ во првата минута од судиското продолжение по нафрлувањето на Алберто од слободен удар.

Лацио со победата се приближи на врвот со 14 бодови, три помаку од моментално третопласираниот Интер и на бод од четвртата Рома која во недела го игра дербито против Јувентус.

Во првиот саботен дуел Специја на својот стадион ја совлада со 2:1 Салернитана. Поведоа гостите во 39 минтуа а стрелец беше Симеон Точукву Нвакнво, а пресвртот во вториот дел го донесоа Давид Стрелец во 51 и Виктор Коваленко во 76 минута.

Специја од зоната на испаѓање со седум бодови скокна на 15-то место, а Саленрината со четири бодови е претпоследна 19-та.