Три работи што придонесуваат сексот во бракот да затаи

Понекогаш, се случува сексот во бракот да затаи, односно се поретко да имате секс, или воопшто да го немате.

Слободните луѓе мислат дека оние што се во брак имаат постојано секс. Но, тоа просто не е вистина. За некои луѓе сексот едноставно не е толку добар или не е постојано на располагање. Најголемиот проблем е во тоа што двојките комуницираат еден со друг за своето незадоволство. Еве три работи што најчесто се причина за незадоволството и поради што се случува сексот во бракот да затаи.

Тој мисли дека прави се како што треба

Тој се труди, но вам некои работи едноставно не ви одговараат. Тој тоа дефинитивно не би го правел, ако му објасните што точно сакате.

Тој мисли дека прави се како што треба
Тој мисли дека прави се како што треба

Вашето либидо е посилно

Голем број мажи имаат пониско либидо од нивните подобри половини, но тоа не сакаат да го признаат. Тоа доведува до тоа некои мажи да не се чувствуваат доволно „мачо“ затоа што неможат да ги следат сопствените партнерки. Од друга страна, на жените поради силното либидо постојано им е непријатно поради нивната сексуалност или се прашуваат зошто повеќе не го привлекуваат партнерот.

Рутина

Јасно е дека со текот на времето сексот нема да биде ист како на почетокот. Проблемот е што голем број двојки на почетокот сакаат да ги пробаат сите пози и движења. Така со текот на времето ќе научат што „го пали“ партнерот и се држат само до тоа како до рецепт што доведува до сигурен оргазам. Пробајте нешто ново, затоа што сигурно не сте пробале се.