Три условни и една затворска казна за последната група демонстранти

Tројца од последната група демонстранти осомничени за протестите пред владата на 5 мај кои го признаа делото добија условни казни од три месеци кои нема да ги одлежат доколку во рок од една година не направат друго кривично дело.

Еден од обвинетите  денеска не беше достапен за  скопскиот кривичен суд, а за него е изречена година дена ефективна казна.

Ова беше последната група демонстранти обвинети за учество во толпа при протестите на 5 мај кои ескалираа и во кои беа повредени 30 полицајци и  десетици  други граѓани.

До сега во овој процес  осуммина беа осудени на условна казна во траење од три месеци, доколку во рок од една година не сторат друго кривично дело.