![ums-idei-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/ums-idei-1.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Водејќи се од примерот на својата матична партија, УМС на ВМРО – ДПМНЕ започна со трибини низ повеќе места во Македонија. Вечерва во Куманово подмладокот на владејачката партија одржа трибина каде беа собрани идеи.
Младите имаа можност да кажат што им недостига, а истите идеи подоцна да бидат разгледани од одреден тим и доколку се конструктивни и содржајни да бидат ставени во програмата за наредните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат во април следната година.
Причината за одржување на овие трибини е тоа што заклучувиме дека младите во однос на кампањата доста партиципираа со идеите односно повеќе од 30 отсто идеите се од млади луѓе и сметавме дека имаше потреба, ние како УМС да одржиме ваков тип на трибини при што ќе има можност секој млад човек да даде свој придонес за креирање на програмата, а со тоа и креирање на иднината, изјави Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС.
УМС се уверени дека на 24-ти април младите ќе го кажат својот збор и ќе го дадат својот глас за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа директно ќе партиципираат во програмата и ќе можат да учествуваат во оставрувањето на истите во наредните 4 години, откако ќе го добијат мандатот.