Триесетдневен притвор за три лица, меѓу кои и поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи и поранешен партуски функционер на ДУИ, Исмет Гури, како и за уште две други лица од истрагата којашто се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари.

Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

„Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката“, соопштија од Обвинителството.

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е инволвран, според Обвиненителството, во организирана шема за правење даночна измама. Тој е третоосомничен за сторено злосторничко здружување, перење пари, даночна изјава од вкупно 15 лица што биле под истрага. Ќе одговараат за злосторничко здружување, како и перење пари.

Гури е најзвучното име приведено во акцијата, како поранешен заменик директор на скопската дирекција на УЈП. Тој беше сменет откако неговата матична партија ДУИ почна да ги разрешува функционерите кои се приклучија на ткн „Огнена група“ фракционерска група во владејачката партија.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури и другите обвинети, меѓу кои е неговиот син, парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што бил вработен функционерот на ДУИ. Во тоа време Гури е раководно лице во УЈП.

Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ. Штетата што ја направиле на УЈП е 840.000 евра.

Како што стои во соопштението од Обвинителството, откако третоосомничениот, раководно лице од УЈП, ќе ги добиел парите од кривичното дело, дел ги пуштал во промет во име и корист за неговиот син, кој исто така е осомничен во овој предмет.

Притоа во име и корист за неговиот син бил купен недвижен имот – деловен простор со површина од 102 квадратни метри во вкупна вредност од околу 150.000 евра и на име позајмица од осомничените правни лица во повеќе наврати, за оваа цел, му биле префрлани парични средства.

Нелегални пари во износ од 15.259.870,00 денари, третоосомничениот со цел да ги легализира ги дал во готово на осомничено овластено лице кое пак во повеќе наврати – трансакции, на име на позајмица биле префрлени на осомниченото правно лице сопственост на синот на третоосомничениот.

Кривична пријава е поднесена против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 од Кривичниот законик.

Утрово од страна на полицијата беа спроведени претреси на 7 локации. Уапсени биле три лица кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. А за нив обвинителството бара да биде одредена мерка притвор.

При претресите беа запленети мобилни телефони и документација, а при претресите на две локации беа пронајдени и запленети вкупно 35 куршуми од кои 8 куршуми со калибар 6,5 мм, 10 куршуми со калибар 7,65 и 17 куршуми со калибар 9 мм, при што дополнително се приведени две лица, за кои по документирање на случаите ќе следува соодветна пријава.“ велат од МВР