Трикови кои ќе ви помогнат да имате најубави цвеќиња

На младите растенија, особено на тие кои се насадееени во сакции, им треба мала помош за да го постигнат својот целосен потенцијал. Со овие домашни препарати оставете им да растат и цветаат во вашиот дом со години.

Сода-бикарбона

Сода-бикарбоната превентивно ги штити лисјата на растенијата, но и откако ќе се зарази растението.

Измешајте лажица сода-бикарбона со четири литри вода и додадете половина лажичка течен сапун. Попрскајте ги листовите со шише со спреј и ќе контролирате мувла, габи и други паразити.

Покрај тоа што не мора да трошите пари на скапи пестициди, ќе уништите и штетници без уништување на почвата. Исто така, децата и миленичињата нема да бидат во опасност. Но, некои растенија се чувствителни, затоа прво пробајте го решението на дел од листовите.

Лушпа од банана

Поради аминокиселините кои го стимулираат растот, чистењето со лушпа од банана е еден вид козметички третман за растенија со хранлива крема.

Дестилирана вода

Чистењето на листовите од прашина бара посебно внимание затоа што различни видови растенија различно реагираат на одредени методи. Нема да згрешите ако често ги прскате билките со распрскувач – идеално со дождовница или со дестилирана вода. Химикалиите од водоводот обично не се добри за растенијата, особено за младите.

За растенија со меки лисја (бршлен, филадендрон и гераниум), прскајте вода на листовите три пати неделно, секогаш и на долната страна на листовите.

Чај или кафе

Растенијата исто така се хранат преку корените, така што тие ќе оживеат ако ги наводнете со вода на која сте додале малку минерална вода, ќесичка чај или кафе, а исто така сакаат и застоено пиво. Со мешавина од вода и пиво во сооднос 1:1, можете да ги измиете, но и да ги наводнувате.

Безмасно млеко

Растенијата реагираат добро ако додадете мала количина обезмастено млеко во водата при чистење. Измијте го секој лист поединечно од двете страни со оваа смеса. Водата со млеко ќе им даде на лисјата сјај и во исто време ќее ги избрка паразитите. Млекото мора да биде безмасно бидејќи во спротивно ги затнува порите на листовите.