Тримесечна суспензија од натреварите коишто ќе ги игра Аргентинската национална селекција е казната којашто јужноамериканската фудбалска асоцијација му ја одреди на Лионел Меси поради изјавите со кои го критикуваше нејзиниот врв за корупција.
Казната на капитенот на „Гаучосите“ доаѓа по неговите остри зборови упатени кон КОНМЕБОЛ, кои дојдоа откако Аргентинците беа елиминирани од Копа Америка.
Во директен преност Меси ги обвини јужноамериканските фудбалски шефови за корупција и изјави дека судиите на турнирот имаат за цел Бразил да го освои трофејот.
Така, петкратниот освојувач на „Златната топка“ нема да може да игра за својата репрезентација на претстојните три пријателски натпревара, против Чиле, Мексико и Германија.
Покрај привремената дисквалификација, Меси ќе мора да плати и 50.000 американски долари на Јужноамериканската федерација.