Триметарска ајкула скокна во рибарски чун (ВИДЕО)

Голема бела ајкула долга три метра и тешка околу 200 килограми скокна во чунот на австралиски рибар, кој морал да се јави на спасувачите за да го ослободат од несаканиот патник, пренесува телевизијата ABC.

Инцидентот се случил во саботата во близина на градот Еванс-Хед на североистокот од Австралија. Како што раскажува 73-годишниот Тери Селвуд, ајкулата се префрлила на палубата на неговиот чамец долг 4,5 метри и притоа го повредила со перката.

За да се заштити од нападите, Селвуд се качил на оргадата од чунот и останал на неа до доаѓањето на службата за спасување на море, којашто ја повикал рибарот. Спасувачите прво го однеле на копното повредениот, а потоа неговиот чамец го одвлекле во пристаништетот заедно со ајкулата.

Според извештајот на телевизијата, ајкулата била извадена од чамецот со помош на вилушкар.