Тринаесет лица се уапсени поради поврзаност со серијата од осумте експлозии чија цел беа христијански цркви и луксузни хотели на Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 215 лица според последните податоци пренесе телевизијата News 1st повикувајќи се на портпарол на полицијата.
Претходно беше објавено за осуммина уапсени по претрес на една куќа во главниот град Колумбо, Покрај новите приведени, полицијата нашла товарни возила за кои се сомнева дека можеле да бидат користени во нападите.
Според телевизијата, десетмина од осомничените биле веќе префрлени во одделот за кривична истрага. Меѓутоа, други информации во врска со уапсените не се даваат.
Во осумте експлозии во текот на велигденските презнувања во четири католички цркви и четири луксузни хотели во Коломбо и во другите делови од земјата. Според последните официјално податоци, бројот на жртвите достигна 215 лица, а повеќе од 450 луѓе се ранети.
Според досегашните податоци, во експлозиите загинале најмалку 35 странски државјани. Министерството за надворешни работи на Данска во неделата попладнето потврди дека меѓу жртвите во серијата терористички напади се и тројца дански државјани,
„Службата на министерството за надворешни работи за работа со граѓаните може да потвди дека тројца Данци се убени во терористичките напади. Семејствата се информирани. Во моментов нема информации за други државјани, загинати во нападите“, соопштија во Копенхаген.
Досега беше објавено дека во експлозиите на Шри Ланка загинале државјани на Данска, Јапонија, Пакистан, Мароко, Индија, Бангладеш, Кина, Холандија, САД, Турција и Велија Британија.