Трипуновски до Николовски: По петти пат бегаш од дебата, дај охрабри се да ги соочиме фактите и аргументите, па земјоделците нека одлучат

Наместо да се препукуваме преку статуси, ајде Љупчо собери храброст и излези на телевизиско соочување, па земјоделците сами нека заклучат кој работи во нивен интерес, а кој на нивна штета, му порача Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на министерот Николовски.

„Јас сум човек кој отворено разговара за проблемите и предизвиците. Никогаш не сум бегал од соочување со факти и аргументи.

П.С. По петти пат бегаш од дебата, дај овој пат охрабри се, одбери телевизија, време и доаѓам“ – истакна тој.