Новиот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски за Утрински брифинг изјави дека ќе се врати достоинството на земјоделецот со достоинствените политики на ВМРО-ДПМНЕ.
– Погубните политики на СДСМ со Заев и Николоски, кои го погазија македонскиот земјоделец кој мисли како да ја помине годината, ќе ги промениме со враќање на достоинството на земјоделецот. Најдобрите политики беа воспоставени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ за жал не ги продолжи достоинствените политики на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемото потценување на Заев беше кога се појави на црвен килим на винова лоза. Тогаш земјоделците сфатија за каков политичар се работи, рече Цветан Трипуновски, нов заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство .