Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање. Езерото Турија е доведено до степен на пресушување. Водата од езерото е намалена за повеќе од половина, истакна денес Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:
Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.
Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион.
Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги прехрануваат своите семејства.
Потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.
Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните.
Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.
Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има.