Трипуновски: Неспособноста и негрижата на СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап

Владејачкиот СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, и ниту еден млад човек не сака да остане во државата кога гледа дека трудот негов и на неговите родители е газен, предупреди во средата претседателот на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО–ДПМНЕ, Цветан Трипуновски во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер,.

Трипуновски појасни дека ниту еден млад човек нема да сака да остане во државата поради катастрофалните политики на СДСМ кои континуирано го потценуваат трудот на земјоделските семејства и работници во државата.

„СДСМ ги доведоа земјоделците до питачки стап. Оваа ситуација со короната малку стоура иселување на младите од државата . Кој мла човек ќе сака да живее во држава каде што гледа дека негивиот родител се мачи како црнец од утро до вечер на крај родот му го земаат или без пари или го фрла и тој млад човек нема да го задржоте во Македонија покрај она што е разнебитеност си уценето раководство. Никој не сака да живее во таква држава“, рече Трипуновски.

Според него, СДСМ континуирано ги злоупотребуваат државните институции кои треба да им служат на граѓаните за криминал и лично богатење и дека тоа е видливо од многуте сомнителни тендери на оваа власт.

„Во предизборната програма во 2016 година, СДСМ ветуваше дека ќе направи трансформација на Македонски шуми сѐ со цел да го национализираат производството во Македонски шуми. Изминативе четири години се случуваат такви тендери да се богатат локални моќници коишто ќе го земат тој тендер за набавка однсно сеча и дотур на дрвна маса по приватните складишта на Македонија каде што граѓаните ќе треба да ги плаќаат истите цена неколку пати повисока од тоа што треба да биде во складовите на Македонски шуми. Тоа е класичен криминал“,  потенцираше Трипуновски.