Трипуновски: Обвинителството мора да испита, производите со пестициди над дозволеното биле пуштени во промет

Има неодговорени прашања кои треба граѓаните да ги слушнат, а треба да ги дадат МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство. Читав бледо соопштение од ЈО дека немале доволно докази, а има ли поголемо знак прашање ако е под знак прашалник здравјето на сите во Македонија? Што треба да се случи? Со вакво бледо соопштение се потврдува зошто граѓаните немаат верба во судството и обвинителството, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, за „За или против“ на Алфа телевизија.

Потенцираше дека Јавното обвинителство мора да влезе во институцијата за граѓаните да бидат смирени и да има верба.

„Се однесуваат летаргично. Сериозна институција во ваква ситуација кога ќе се открие нешто излегува и кажува дека се открило нешто, дека се уништило. Лесно е со два калапа путер да правите мега вест, а кога е во знак прашање здравјето на граѓаните, тие молчат. Да не го извадеше ова ВМРО-ДПМНЕ така ќе им поминеше. Да се случеше ваков скандал во европска земја директорот и министерот веднаш ќе беа сменети, а тука со лити соопштенија“, истакна Трипуновски.
Појасни за информираност на раѓаните да знаат дека овие продукти навистина биле во продажба, а не дека ги фатиле на граница, ги стопирале и вратиле назад.

„Има програма која секоја година АХВ ја носи со заклучок на влада за мониторинг за безбедност во Македонија. Во програмата стои мониторинг на безбедност на храната за присуство на резиди од пестициди во однос на максималното ниво. Таму стои дека мострите се земаат од места на откуп на земјоделски производи, од зелените пазари и ширум Македонија. Никаде не стои дека мострите се земаат на граничен премин. Ова го потврдува фактот и еден од извештаите кој го имам пред мене, барател АХВ, инспектор од Штип, од внатрешноста зел мостра на 24 април за да се одреди. Резултат кој го дава фитосарна лабораторија е на 22 мај, само 28 дена им требале. Прашањето ми е до власта каде завршил овој кромид? Концентрацијата е 13 пати над дозволеното. Треба да признаат одговорност. ЈО треба да влезе, да утврди“, нагласи Трипуновски.

Во однос на тоа како пратки од Албанија со сомнителен квалитет влегле во Македонија, тој изјави дека секој земјоделски производ кој влегува во Македонија ќе влезе на граничен премин Ќафасан, но дел од пратките се влезени преку Блаце, тоа значи дека тој албански зеленчук со сомнителен квалитет пробал да влезе во друга држава, но таму властите биле поодговорни и патот е следен, Косово па преку Блаце во Македонија.