Денеска бев во Јосифово и Пирава каде што имав средби со многу земјоделци. Сите земјоделци од овој крај се соочуваат со истите проблеми: недостаток на вода за наводнување, слаб откуп и ниска цена на јапонското јаболко, нема ништо од ветениот загарантиран пласман ниту пак од откупните центри, доцната исплата на субвенциите и општата негрижа на Владата за македонските земјоделци, пишува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
-Одговорните лица три години си седат во своите фотелјите во канцелариите наместо да ги посетат земјоделците и да ги сослушаат проблемите со кои се соочуваат. Сето ова предизвикува огромен револт кај самите земјоделци. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на 12 април ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец со низа нови реформи и решенија за проблемите. Обновата доаѓа!, додава тој.