СДСМ се уплашени. Знаат дека губат во сите земјоделски региони од државата. Губат затоа што ги соголија земјоделците. Лебот им го земаа, додека тие се возат во луксузни автомобили на државен трошок, народот нема леб да јаде, коментира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оризарите не можат веќе да ја трпат оваа неправда и излегоа на протест. Власта на Заев кога виде дека целосно се во право, а револтот се излеа по улици тргна да ги заплашува оризарите. МВР денес се впушти во притисок и преку механизмот на прекршочни пријави удри по оризарите. Но нема да ги исплашите. Тие не Ви се плашат. Ќе протестираат пак, зошто ветивте дека оризовата арпа ќе се откупува за 25 денари, а сега во ек на жетвата откуп нема, тоа е срамота и за тоа ќе ве казнат,и нема да Ве спасат нема ниту 100 пријави, ниту 1000 полициски службеници кои ги злоупотребувате. Доаѓа казната од напатениот народ, пишува на Фејсбук Трипуновски.