Меѓу хороскопските знаци постојат големи разлики кога станува збор за стилот на облекување и на однесување. Кога станува збор за елегантноста, овие три знаци на сите можат да им одржат лекција на оваа тема.
- Рак
Заземаат трето место по елегантност, важат за личности кои знаат како да се однесуваат во секоја ситуација. За нив целосната слика за елеганција, покрај стилот на облекување, е надополнета со убави манири и однесување.
- Девица
Важат за вториот најелегантен знак во зодијакот. Со појавата им помагаат на луѓето да изградат одлична претстава за нив. Грациозноста на нивните движења, начинот на кој одат и разговараат остава впечаток на сите кои ќе се најдат во нивно друштво. Успеваат да ја најдат совршената формула да спојат сè во едно, елегантно однесување, облекување и размислување.
- Вага
Апсолутен победник и најелегантен хороскопски знак е Вагата. Точно знаат како да воспостават хармонија и во тоа се крие тајната на нивната елеганција. Со ставот и држењето на телото покажуваат како нивната природна елеганција ги прави вистински виртуози.
Имаат смисла за убавина, но освен што ги ценат убавите работи знаат и самите да создадат убавина. Нивното елегантно облекување е поткрепено и со говорот на телото, начинот на кој комуницираат со другите па проектираат слика за совршено елегантна личност. Тоа кај нив е вродено, едноставно го имаат во себе.