Трката за замена на Борис Џонсон започна, откако вчера премиерот поднесе оставка како лидер на Ториевците.
Трката за замена на Борис Џонсон започна, откако вчера премиерот поднесе оставка како лидер на ториевците по драматичните неколку дена по низата оставки на функционери.
Том Тугендхат е последниот пратеник кој ја фрли својата капа во рингот, придружувајќи им се на државниот обвинител Суела Браверман и на Стив Бејкер кои покажаа интерес за премиерската позиција.
Џонсон планира да остане на функцијата премиер додека не се најде нов наследник до есен.Сепак, многу колеги и опозициски политичари сакаат тој да си замине сега – но тој веќе ги пополни работните места во кабинетот.
Речиси 60 конзервативни пратеници се откажаа од владините функции во последните денови предизвикувајќи сомнеж за способноста на владата да функционира.
Распоредот за трката за лидери на ториевците треба да биде потврден следната недела, а новиот премиер се очекува да биде на позицијата до септември.