Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што вечерва во 19.25 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Врбјани.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, од засега непознати причини дошло до судар на две патнички возила. Со возило на брза помош три лица биле пренесени во охридските болници, но засега не е се знае карактерот на нивните повреди, рече Димовски.
На местото на несреќата во тек е удвид.