Вкупно три лица, од кои едниот е тинејџер и е потешко повреден а со полесни повреди се здобиле другите двајца кои се малолетници, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во саботата рано попладнето на регионален пат во гостиварско.
„На 23.10.2021 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Гостивар – село Чегране и локален пат во село Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот В.Р. од селото Форино и патничко возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Гостивар“, известија од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Р., а со телесни повреди се здобил малолетниот возач и малолетен сопатник во возилото „опел“, констатирани во Ургентен центар Гостивар, велат од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.