Тројцата руски космонаути безбедно слетаа на Земјата во четвртокот по околу 200 дена мината на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Олег Артемјев, Сергеј Корсаков и Денис Матвеев тргнаа кон Земјата со капсулата „Сојузот МС-21“ од ISS во четвртокот и се приземјија неколку часа подоцна во степите на централен Казахстан. Во текот на вчерашниот ден тројцата космонаути беа пренсени на рехабилитација во Ѕвездениот град, порано затоврен воен град, на 25 километри севвероисточно до Москва.
Вселенското летало „Сојуз МС-21“ пристигна на орбиталната станица на 18-ти март 2022 година, Во чест на 115-годишнината од раѓањето на големиот советски ракетни научник, космичкиот брод го доби името „Сергеј Королев“.
Во средата Артемјев ја предаде командата со ISS на италијанската астронаутка Саманта Кристофоретти, првата Европјанка кој ја презема таа должност.
На станицата, покрај неа, се американските астронаути Боб Хинес, Кјели Линдгрен и астронаутката Џесика Воткинс. На 21-ви септември пристигнаа руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и Американецот Френк Рубио.
Таканаречениот „Екипаж 5“, којшто го сочинуваат Русинката Ана Кикина и Американката Никол Аунапу Мен, заедно со Американецот Џош Касада и Јапонецот Коиди Ваката, треба да стасаат на ISS со капсулата „Crew Dragon“. Нивното лансирање е одложено најмалку до следната среда, поради ураганот Ијан кој ја погоди американската сојузна држава Флорида, според објавата на NASA од четвртокот.