Тројца уапсени за несреќата на жичницата во Италија

Италијанската полиција привела три лица по падот на жичницата во северна Италија во неделата кога загинаа 14 лица, објави во средата службената новинска агенција Ansa.

Трагедијата се случи во неделата околу пладне во северниот италијански регион Пиемонт. Во кабината имало 15 лица, а жичицата во моментот на несреќата била на стотина метри до крајната дестинација на линијата од местото Стрезо до планинскиот врв Мотарона на околу 1.500 метри надморска височина. Падот на жичницата го преживеа само едно петгодишни дете, кое со тешки повреди е згрижено во болница во Торино.

Италијанската полицијата во текот на истрагата ги привела инженерот на жичницата, директорот на службата и оперативниот шеф на службата.

Иследниците откриле дека системот за безбедносно запирање бил „наместен“ за да се избегне доцнењето на жичницата, изјавила за Ansa јавната обвинителка Олимпија Боси.

Тројцата уапени извеле „свесна акција“, рекла Боси додавајќи дека за да се избегне запирањето на системот, на жичницата бил оставен уред кој ги деактивира сопирачките во случај на нужда, што значи дека безбедносниот систем не се активирал кога пукнал носечкиот кабел.

Притворените се товарат за убиство од небрежност, предизвикување нанамерна катастрофа и отстранување на инструмент за спречување несреќи.

Боси додала дека апсењето на трите лица е „последица на многу сериозната и вознемирувачка наша истрага“. „Убедени дека кабелот никогаш нема да пукне, преземале ризик кој довел до фатални последици“, рекла обвинителката.

Жичницата Мотарон, која повторни е отворена кон крајот на април откако била затворена поради пандемијата на коронавирусот, одработила „повеќе денови со многу возења“ со деактивирани сопирачки во случај на нужда, додава обвинителката Боси.

Компанијата одговорна за годишните проверки на жичницата соопшти веднаш по несреќата дека последната проверка на исправноста изведена во ноември 2020 година покажала „дека нема неправилности“.

Жичницата е првпат отворена во август 1970 година по тригодишните работи на замена на запчестата железница. Според операторот, во 2014 година жичницата минала темелен ремонт кој траел две години и била затворена до 2016 годна. Жичницата Стрезо – Мотароне е повторно отворена пред речиси еден месец на 24-ти април за локалното население и туристите по постепеното укинување на епидемиолошкото „затворење“.

Брегот на предалпското езеро Маџоре, меѓу Швајцарија и Италија, како и врвот Мотароне е многу популарен и омилен меѓу домашните и странските туристи поради прекрасниот панорамски поглед на езерото и на неговите живописни острови, како и поради отворениот видик кон Алпите.