Тројца загинати во експлозија во северна Италија

ANSA/DINO FERRETTI

Телото на третата загинат пожарникар е отриени под урнатините на напуштен објект во гратчето Куаргенто, во провинцијат Александрија, на северот од Италија кој е урнат во експлозија изминатата ноќ, пренесува во вторникот агенцијата Ansa.

Според првичните сознанија екслозијата се случила во објект со технички карактер околу 2 часот по полноќ по локално време, кога пожарникарите во него се обидувале да изгаснат пожар.

Претходно утрото беше соопштено за двајца загинати припадници на спасувачката служба, а подоцна пожарникарите под урнатините го пронашле телото на својот колега. Уште три лица, двајца пожарникари и карабинер се повредени и пренесени ви локалната болница.