Тројца загинати во лавини во Австрија

Најмалку три лица загинаа од петокот во серијата лавини во западна Австрија, соопшти во саботата полицијата.

Портпаролот на полицијата на покраината Тирол изјави дека во саботата во Калтенбах во лавина загинал љубител на зимски спортови.

Според агенцијата APА, станува збор за 17-годишен државјанин на Нов Зеланд. Во петокот, 32-годишен Кинез загина во ски-центарот Соелден. И двајцата биле надвор од одбележаните скијачки патеки.

Во саботата наутро, во соседниот регион Форарлберг бил пронајден мртов скијач. Станува збор за 50-годишен маж кој загинал во лавина во долината Клајнвалсертал, која граничи со Германија, јави APА.