Украинските сили отвориле оган врз колона бегалци на истокот на земјата од пешадиско но и од тешко вооружување, при што има загинати и ранети, меѓу кои и деца, пренесува во четвртокот агенцијата РИА повикувајќи се на очевидци.
„Имаше пукање. Прво со поединечни истрели, а потоа како да беше од тенк или нешто толку моќно. Експлозиите беа многу силни. Се пукаше и од калашникови“, вели соговорникот на агенцијата.
Во средата вечерта беше објавено дека конвој од 34 автомобили со бегалци се упатил од местото Волчанск кон градот Харков. Трагедијата се сличила која возилата навлегла на територија којашто не е под контрола на проруските сили и запрела во близина на селото Стари Салтов во Хрковската област. Врз него бил отворен оган од правецот на украински контролен пункт, тврдат очевидци.
Засега се потврдени три жртви, а најмалку 13 лица, од кои пет деца се ранети и пренесени во болниците во регионот. Засега не е позната судбината на другите бегалци во колоната, кои како и теглата на жртвите останале на територијата која ја контролираат украинските сили.
Воено-цивилната адмнинистрација на прируските сили на територијата на регионот на Харков, велат дека припадници на казнен одред на укранската разузнавачка служба СБУ, како и од неодамна формираниот баталјон „Кракен“ составен од амнестирани криминалци осудени за тешки дела, влегле во селото Стари Салтов. Според оперативниците информации на руските, сили, украинските сили во селото спровеле терор и „од нивните домови во непозната правец ги одведоа сите кои ја симпатизираат руската страна“.
Во четвртокот милициите од проруските југоисточни украински региони Доњецк и Луганск известија за нови ракетирања и артилериски удари врз цивилни цели од страна на украинските сили кои сѐ уште се наоѓаат на административната територија на двете самопрогласени „народни републики“, во кои има и жртви и повредени.