Тројката на Дончич во последната секунда му донесе победа на Далас

И покрај тоа што на минатиот натпревар го повреди скочниот зглоб на левата нога, словенечкиот кошаркар Лука Дончич во четвртиот дуел од доигрувањето во НБА лигата пружи одлична игра, и со „тројка“ во последната секунда од продолжението на Далас Маверикс им донесе победа од 135:133 со што неговиот тим се израмни со Лос Анџелес Клиперс на 2-2 во серијата до четири победи.

Дончич мечот го заврши со 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции, а Треј Барк додаде 25 поени. Далас беа значително ослабени, бидејќи поради повреда не ираше латвискиот крилен центар Кристапс Порцингис.

Клиперс ги водеше нивниот најдобар кошаркар Каваи Ленард со 32 коша и 9 скокови, а Лоу Вилијамс додаде 36 поени. Катасторфална партија пружи Пол Џорџ со само 9 коша, односно три погодока од 14 шутеви.

Донован Мичел постигна 51 поен за победата на Јута Џез против Денвер Нагетс од 129:127, по што Јута води со 3-1 во победите и потребна ѝ е уште една победа за пласман во полуфиналето. Мајк Конли додаде 26 поени, а Џордан Клаксон постигна 24 коша. Кај Денвер Џамал Мареј постигна 50 поени, а Никола Јокиќ 29 коша.

Конференциско полуфинале со 4-0 во победите обезбедија на Истокот актуелните бранители на титулата Торонто Рапторс и Бостон Селтикс.

Рапотрс ги совладаа Бруклин Нетс со 150:122, а се истакнаа Норман Пауел со 29 поени, и Серж Ибака со 27 коша и 15 скокови.

Селтикс, пак, со 110:106 ги победија Филаделфија 76ерс, а клучна беше серијата од 12:0 во последните три минути од третата четвртина, со која поведоа на 89:77. Џејсон Тејтам впиша 28 коша и 15 скокови, а Кемба Вокер 32 поени.

Бостон и Торонто ќе се соочат во конференциското полуфинале на Источната конференција.