Полицијата од самиот почеток на истрагата имала индиции дека некој од најблиското опкружување на свирепо убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ на некој начин е вмешан во убиството.
Врз основа на денешната истрага полицијата речиси е сигурна дека најмалку тројца членови од семејството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е вмешана во нејзиното убиство, додека за еден и натаму се вештачи движењето и контактите од 2 април, дента кога е убиена пејачката, дознава српски Курир.
Извор на весникот од истрагата вели дека полицијата од самиот почеток имала индиции дека некој од блиските на Јелена на некој начин е вмешан во убиството.
-Тој што го направил ова се добро испланирал и одлично го познавал нејзиното движење тој ден. Мотивот се уште го истражуваме, но дефинитивно во прашање е огромна страст, омраза, бес и невозвратени чувства, зборува соговорник на Курир.