Тројца Палестинци загинаа во неделата во источниот дел од границата меѓу Појасот Газа и Изреале, во напад на израелското воено воздухопловство, изјави портпролот на плестинската Црвена полумесечина, Ераб ал-Фукаха.
„Припадниците на Црвената полумесечина подигнаа три тела на палестински тинејџери, кои загинаа во текот на нападот на израелските воздухопловни сили, на источната граница на појасот Газа“, изјавичл ал-Фукаха за палестинските медиуми.
Претходно службата за односи со јавноста на изралеската војска соопшти дека бил изведен воздушен удар врз тројца Палестинци, кои биле сомнителни дека се обидуват да постават експлозивна направа на границата меѓу палестинската енклава и еврејската држава.
Ваквите инциеденти се закануваат дека ќе го нарушат прекинот на огнот прогласен во саботата со посредство на Египет од страна на милитантата групација Палестински исламски џихад, којашто ден претходно истрела најмалку 40 проектили врз јужниот дел на Израел, на што беше одговорено со воздушни напади на повеќе од 90 цели во Појасот Газа.
Повеќе од 210 Палестинци се убиени во нападите на израелските сили од почетокот на протестите на оградената граница меѓу Појасот Газа и Израел на 30-ти март годинава. Истовремено, повеќе од 22.000 Палестинци биле ранети, според минситерството за здравство во енклавата.
Сидитие кулминираа на 14-ти мај, во пресрет на 70-годишнината од палестинското одбележување на денот Накба (Денот на катастрофата), кога стотици илјади биле принудени да ги напуштата своите денови, што се совпадна со јубилејот од основатањето на Државата Израел и церемонијата на почнувањето на преселувањето на амбасадата на САД во Ерусалим, чиј источен дел Палестинците го гледаат како главен град на нивната идна држава.