Бројот на жртвите во железничката несреќа која се случи претходно во четвртокот во Анкара се зголеми на девет лица, уште 84 други се повредени од кои 43 се хоспирализирани, изјави на прес-конференција турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Џахит Туран.
„Како резултат на несреќата на брзиот воз во Анкара, загинаа девет лица, 84 се повредени. Докторите во болниците им укажуваат помош на 43 од нив, а две лица се во критична состојба“, изјави министерот за здравство, Фахретин Коџа, пренесува телевизијата NTV.
Инцидентот се случил во близина на станицата Мршандиз во западниот дел од Анкара, на седум километри од центарот на турската престолнина. Според очевидци, звукот од сударот на брзата приградска композиција бил толку силен, што наликувал на експлозија.
При сударот неколку вагони на брзиот воз и локомотивата излетале од шините или се превртени, уште два вагона се накривиле на потпорните столбови на надземен пешачки премин.
Анкарскот обвинителство отворило истрага за несреќање, а на местото работат екипи на инспекциските и на службите за вонредни состојби. Медиумите наведуваат дека, три лица се приведени