Австралциата полиција извести во вторникот дека уапсила три лица кои наводно подготвувале терористички напад во Мелбурм, десет дена откако во сличен атак во оваа метропола беше убиено едно лице.
Австралиската федералната и државна полиција, австралискаа безбедносно-разузнавачка агенциај ASIO и другите агенции вклучени во здружениот антитерористички тим, уапсиле осомничени лица на возраст од 30, 26 и 21 година во вторникот утрото по локално време, во северозападниот дел на Мелбур, пренесе агенцијата Reuters.
Се претпоставува дека тројцата уапсени учествувале во подготовките за планирање терористички напад врз Мелбурн, извести полицијата. Истрагата за тројцата мажи започнала во март, и тие биле „од интерес“ на разузнавачките агенции од почетокот на 2017 година, се наведува во соопштението.
Австралија, којашто како сојузник на САД испраќаше трупи во Ирак и во Авганистан, од 2014 година е во состојба на зголемена приправност за напади од домашни милитанти кои се вратиле од боиштата на Блискиот исток и нивните приврзаници.
Маж по потекло од Сомалија, познат од претходно на австралиските разузнавачки слуќби, претходно во номеври во центарот на Мелбурн усмрти со нож едно лице и рани уште две други, што полицијата го карактеризираше како терористички чин. Џихадистичката организација Исламска држава тогаш објави дека овој напад го извел нејзин припадник, но не изнесе докази за своите тврдења, како и во некои други претходни случаи.
Агенцијата AFP, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека почнувајќи од 2014 година биле „пресретнати“ 15 терористички заговоротуи, од кои четири се оценети како „големи“.