Најмалку двајца припадници на вооружените сили на Пакистан и еден индиски војник загинале во престрелката во спорниот регион Каѓмир, пренесува агенцијата ANI повикувајќи се на воени извори.
Според агенцијата, војската на Пакистан го нарушила режимот на прекин на огнот во секторите Синдербани, Тангдхар и Керан, при што бил убиен еден индиски војник. Индиската армија одговорила со оган од своја страна, и притоа загинале двајца пакистански војници.
Сојузната држава Џаму и Кашмир е единствената во Индија во која мнозинството од населението се муслимани. Муслиманските сепаратисти водат насилна кампања против властите на Индија од крајот на 1980-те години во индискиот дел на Кашмир. Индија го обвинува соседен Пакистан дека ги вооружува бунтовниците од групата Лашкар-е-Таиба (LeT) и другите во Кашмир, што Исламабад го негира. Во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир активни се сепаратистички бунтовници, кои се залагаат за независност на областа Кашмир или за нејзино присоединување на Пакистан. Притоа во Кашмир меѓу Индија и Пакистан војските на двете земји патролираат по линијата на раздвојувањето.
Хималајската висорамнина Кашмир дефакто е поделена меѓу Индија и Пакистан во 1947 година, по завршувањето на британскиот колонијализам во овој дел од свветот. Двете земји се борат за контрола над регионот, а судирот започна со сепаратистичкиот бунт во индискиот дел.
Индија и соседен Пакистан досега трипати војуваа меѓу себе од стекнувањето на независноста во 1947 година, од кои две околу Кашмир над кој двете земји сакаат целосна контрола, и редовно изведуваат нуклеарни тестирања откако кон крајот на 1990-те официјално станаа нуклеарни земји кои поседуваат и нуклеарен воен персонал. Двете земји во 2011 година започнаа мировен процес, но тензиите меѓу нив се зголемија последните две години.