
Најмалку три лица загинале а бројот на повредените се искачи на 310 во земјотресот кој ноќта кон неделата го погоди западниот дел на Иран, соопштија медицински извори, според кои една од жртвите е трудна жена а друга е маж на 70-годишна возраст кој подлегнал на срцев удар во моментот на потресот.
Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,1 според Рихтер, бил на 31 километар западно од градот Карманшах, на длабочина од 8,3 километри. Земјотресот бил почувствуван и од жителите на ирачката престолнина Багдад, во покраините Киркук, Сулејманија, Дијала и Дахук, во градот Ербил и другите региони од соседната земја. По потресот следеле 21 помали замјотреси,
Според агенцијата Mehr, осум села во Керманшах останале без електрична енергија, а во многу делови од покраината има прекин во снабдувањето со вода. Оваа област веќе беше погодена од разорен земјотрес во кој имаше повеќе од стотина мртви и две илјади повредени.