Стартот беше ужасен за црвените од „Енфилд“, со оглед што гостите по само 17 минути веќе водеа со 2-0 со погодоците на Леандро Тросар. Нешто по половина час игра Роберто Фирмино го намали резултатот и најави евентуален пресврт. Тој дојде во второто полувреме, кога прво Фирмино изедначи во 54. минута, а Вебстер со автогол десетина минути подоцна го донесе Ливерпул во водство. Но, Тросар не дозволи радост за Јирген Клоп со комплетираниот хет-трик во 83. минута. (головите ТУКА)
Челси како гостин го совлада Кристал Палас (2-1), во меч во кој деби гол во синиот дрес постигна Обамејанг и тоа првиот за лондонци, додека стрелец на победничкиот погодок беше Галагер во 90. минута од средбата. (головите ТУКА)