Трпевски: НБРМ има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот на денарот

Народната банка на Република Македонија има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот. Ова го посочи поранешниот гувернер на НБРМ, Љубе Трпевски во отвореното студио на ТВ Нова и истакна дека курсот на денарот се уште е реален и се води политика на фиксен курс.

Народната банка на Република Македонија има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот. Мислам дека веќе е смирена ситуацијата и кулминацијата на паниката помина. Останува уште и политичката криза да биде решена и се надевам дека наскоро и тоа ќе се случи. Ако кризата продолжи не очекуваат алтернативни сценарија кои не се добри за државата. Сите мерки најавени се за зајакнување на позицијата на денарот. Каматите ќе бидат повисоки на денарските депозити и ќе се стимулира давње на денарски кредити, тоа се адекватни мерки бидејќи се е ставено во одбрана на денарот. Нема потреба од грижа, истакна тој.

Инаку Трпевски во своето излагање посочи дека ова е трета банкарска криза во Македонија.

Првата беше 1999 за време на бомбардирање на НАТО на поранешена Југославија, кога имаше голем бран на бегалци од Косово. Втората во 2001 година кога имаше внатрешен конфилкт. Ова е тратата паника, која веќе се надминува и е најблага. Преземените мерки се очекувани и се во одбрана на денарот како национална валута. За разлика од кризите во минатото, сега и Народната банка е многу поспремна и со добар кадар, а исто така и банките се многу поздрави, добро капитализирани и со висока ликвидност, па затоа нема потреба од паника, рече тој.