
Канадскиот премиер Џастин Трудо ги повика сонародниците да бидат единствени во кризата која настапи со појавата на новиот сој коронавирус чиешто жариште е Кина и предупреди дека припадниците на кинеската заедница во Канада не смеат да бидат диксриминирани.
„Во нашата земја нема место за дискриминација која ја хранат стравот и дезинформациите. Знам дека почетокот на оваа година беше тежок за многу меѓу вас кои се загрижени за своите надвор од земјата“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо на прославата на кинеската Нова година во Скарбуро, предградие на Торонто.
Трудо ја упати пораката на солидарноста за Канаѓаните од кинеско потекло, додека припадниците на оваа заедница изразуваат загриженост поради сѐ почестите негативни и расистички коментари на социјалните мрежи по избувнувањето на епидемијата на новиот коронавирус.
Минатата седмица челниците на кинеската заедница во Торонто предупредија на повторната појава на расизам и ксенофобија кои ја следеа епидемијата на тешкиот акутен респираторен синдром – SARS во 2003 година. Од оваа болест од која починаа околу 800 лица во Кина, однесе и 44 животи во Канада.
Емји Го, привремената претседателка на Кинеско-канадскиот национален совет за општествена справедливост изрази во разговорот за мрежата CBS жалење поради „неправедната стигматизација“ на Канаѓаните од кинеско потекло. Ја пофали изјавата на Трудо посакувајќи владата да стори повеќе за да ја „отстрани загриженоста“ и да го „сузбие расизмот“.
Канада, која има голема кинеска заедница, досега регистрираше четири сличаи на зараза со новиот вид коронавирус. Болеста кон крајот на декември се прошири од кинескиот град Вухан и зарази досега речиси 12.000 луѓе во континентална Кина, каде што починаа 259 лица, според официјалните податоци од 1-ви февруари.