Труп на маж пронајден во водите на Вардар

архивска илустрација

Вчера во 19:00 часот во река Вардар кај село Кочилари, велешко, пронајден е машки леш, соопштија од полиција.

Поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на река Вардар, во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.

Се очекува МВР да излезе со повеќе детали и утврден идентитет на починатиот.