Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во Трговската берза во Њујорк поевтини за осум центи, на 92,22 долари по барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 110,85 долари или еден цент помалку.
На новиот пад на цената на нафтата од Тексас влијаеше постојаното зголемување на резервите во последните 10 седмици, како и извештајот на американското министерство за енергетика.