Германскиот фудбалски стручњак 50-годишниот Томас Тухел не е заинтересиран за работа во Манчестер Јунајтед, јавуваат британските медиуми.
Изминативе денови на „Островот“ се пишуваше дека поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Челзи и Баерн, би можел да се пресели на клупата на „Црвените ѓаволи“ наместо Ерик тен Хаг.
Тухел, наводно, се сретнал со косопственикот на Јунајтед, сер Џим Ретклиф во Франција, но BBC објави дека тој ја одбил понудата. Германецот сакал да се одмори по стресната сезона во Баерн, која заврши со негов отказ, според истиот извор.
Манестер Јунајтед ја заврши сезоната на скромното осмо место, но донекаде ја спаси сезоната со освојувањето на ФА Купот со победата против градскиот ривал Манчестер Сити