Тухел под истрага на ФА- можна е подолга суспензија

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вчера заработи црвен картон по дербито против Тотнeхем по дуелот со неговиот колега Антонио Конте, кој исто така беше санкциониран со исклучување.

Тоа автоматски значи дека и двајцата нема да ги водат своите тимови на следниот натпревар во Премиерлигата. Тухел може да добие и поголема суспензија и плус парична казна поради коментарите за судијата Ентони Тејлор.

Германецот не беше среќен поради тоа што не беа досудени прекршоци во корист на Челси пред постигнувањето на головите на Спарс.

„Денеска? Да, имам повеќе проблем со судијата. Можеби би било подобро веќе да не суди натпревари на Челси. Не мислам дека само дел од навивачите на Челси мислат дека тој имаше ужасни одлуки на штета на Челси. Ве уверувам дека целата соблекувална го мисли истото, како и секое друго лице. Играчите знаат што се случува додека се на теренот. Секако дека се загрижени кога тој ќе биде задолжен за судење на некои од нашите натпревари“, изјави Тухел.

Фудбалската асоцијација на Англија веднаш започна постапка против менаџерот на Челси, што може да резултира со дополнителна суспензија и парична казна ФА вообичаено нема милост кога се критикуваат судиите, без разлика дали зборовите на менаџерите и играчите се оправдани или не.